Најголемите јапонски производители на автомобили ќе се здружат со цел да го забрзаат развојот на solid-state погонските батерии, кои ќе се користат во идните електрични возила

Nissan, Honda и Toyota ќе соработуваат на технологијата за батерии од иднината заедно со Panasonic и некои други јапонски компании, дознава Nikki Asian Review.

Целта на новосоздаденото партнерство е развој на нови solid-state батерии кои ќе им овозможат на јапонските авто компании да станат лидери во технологијата за електрични возила.

Партнерството е поддржано и од јапонската влада, односно Министерството за економија и трговија, која ќе го кофинансира овој проект со 1,6 милијарди јени (околу 14,6 милиони долари).

Solid-state се значајно подобрување во однос на литиум-јонските батерии кои сега се користат во електрични автомобили.

Освен што имаат поголема густина на енергија, solid-state батериите содржат и помалку компоненти и не користат течни електролити кои можат да истечат. Исто така, новиот тип на батерии е побезбеден при експлоатацијата, полесен за производство и подостапен во споредба со литиум-јонските батерии.

Toyota е еден од пионерите во развојот на батерии со цврста состојба, но оваа компанија досега не успеа да ja примени оваа нова технологија во своите сериски модели.

Токму затоа целта на партнерството на јапонските компании ќе биде подобрување на перформансите на овие батерии, за нивно масовно користење во производните возила.

Според пановите, solid-state батеријата треба да се развие до 2025 година, а која ќе овозможи автономија на електричен автомобил до 550 km пред целосно испразнување. Автономијата до 2030 година би требало да стигне до 800 km.

Loading...