Колку е голема моќта на природата, доволнo говори вулканската ерупција на Хаваите

Природната катастрофа на Хаваи натера стотици домаќинства да се евакуираат. Вулканот Килаулеа кон крајот на минатата недела исфрли лава на дури 50 метри во визина. Истата таа лава подоцна слезе по падината на планината до домовите, а „поплавата“ во форма на пепел и магма рушеше се на својот пат, вклучувајќи патишта, куќи, дрвја, огради, па дури и автомобили.

Во приложеното видео може да видите како лавата опкружува и „голта“цели патишта и автомобили.

Од овој остров се евакуирани повеќе од 1.700 луѓе. Најмалку 26 домови и пет инфраструктурни единици се уништени за само неколку дена. Потсетување дека ова не е првата ерупција на Kilaueae во последно време. Вулканот бил активен во 1983 и 2014 година.