Jaguar Land Rover целосно ја менува стратегијата
Британскиот премиум производител Jaguar драстично ќе се промени во текот на оваа деценија, откако се обврза да ги отстрани моторите со внатрешно согорување од своите нови модели и да стане целосно електричен бренд до 2025 година
Воедно луксузната марка се откажува и од обидите да се натпреварува со големото германско трио – BMW, Audi, Mercedes-Benz
Automotive News цитира „поранешен висок извршен директор во автомобилската индустрија со искуство во премиум секторот“ кој посочува дека Jaguar не успеал во обидот да го направи XE достоен ривал на BMW Серија 3, Audi A4 и Mercedes. Benz C-класа…
„Тоа е како да бркате веќе пропуштен воз. Во обидот да се следи германското трио, Jaguar Land Rover ja направи својaта гама премногу комплицирана и во крајна линија продажбата на едната марка ја јаде онаа на другата”, вели врвниот менаџер, кој побарал да остане анонимен.
Сега Jaguar ќе мора да ја смени стратегијата, бидејќи и конкурентите се потпираат на електрични автомобили, но не се откажуваат од своите модели со мотори со внатрешно согорување. Главниот финансиски директор на компанијата Адријан Мардел признава дека „бркањето“ на Audi, BMW и Mercedes-Benz е бесмислено, бидејќи овие компании се 4 пати поголеми.
Британскиот производител беше принуден да се откаже од два идни модели што ги развива – големиот SUV J-Pace и електричниот XJ. Причината е што модуларната архитектура со надолжна поставеност на погонската единица ќе ја користат следните генерации на Range Rover и Range Rover Sport.
Преминот кон целосен електричен погон значи дека сите сегашни модели на Jaguar ќе бидат укинати кон средината на деценијата.
Сепак, промената ќе чини ужасно многу пари. Според поранешниот главен инженер на Land Rover, Чарлс Тенант, ќе бидат потребни околу 5 милијарди фунти за да се дизајнира нова платформа за електрични автомобили, да се отстранат од гамата сегашните автомобили со мотор со внатрешно согорување…