Избегната трагедија: Возач на Tesla гледал филм на мобилниот телефон и удрил во полициски автомобил / ВИДЕО
Возачот е обвинет за предизвикување сообраќајна несреќа, но и за гледање филм додека возел и лажење на полициските службеници
Полицијата во Јужна Каролина објави снимка од несреќа предизвикана од несовесен возач на Tesla пред неколку месеци.
Зад воланот на Tesla S бил лекарот Деваиндер Голи, кој, според полицијата, гледал филм на мобилниот телефон и го оставил автомобилот на автопилот.
Додека вршеле увид на местото на претходна несреќа, Голи налетал на двајца полицајци и за среќа нема загинати.
Возачот е обвинет за предизвикување сообраќајна несреќа, но и за гледање филм додека возел и лажење на полициските службеници.
„За среќа, кога го слушнал шкрипењето на гумите, нашиот офицер оттурнал другиот и веројатно му го спасил животот. Беше ужасно, но најважно е што беше избегната трагедија“, вели шерифот на округот Неш, Кит Стоун.
Инаку, ова е само една во низата несреќи предизвикани од невнимателни возачи на Tesla.