Анкета покажува дека многу возачи претпочитаат копчиња и прекинувачи наспроти екрани на допир

Производителите сакаат да нè убедат дека екраните на допир во автомобилите се најдоброто нешто што можеше да ни се случи, но многу возачи не мислат така.

Од гледна точка на автомобилските компании, акумулацијата на функциите на едно место е само можност да се заштеди, односно да се намалат трошоците за производство. Според репрезентативната анкета на институтот за истражување на јавното мислење YouGov спроведена во име на платформата за продажба на автомобили mobile.de, германските возачи претпочитаат да се потпираат на класични копчиња и прекинувачи отколку на екраните на допир и гласовната контрола кога возат со своите автомобили – иако ги препознаваат придобивките од новата технологија.

Според истражувањето, многу возачи во Германија сè уште не уживаат во гласовните команд, гестови или допир, туку претпочитаат да ги притискаат командите во автомобилот на старомоден начин.

37% од нив претпочитаат копчиња и прекинувачи, а други 22% сметаат дека комбинацијата на различни контролни елементи е најдобра.

Од друга страна, 16% од нив претпочитаат екран на допир и / или контрола со гестови, додека само 10% сакаат воглавно или целосно да ги контролираат функциите на нивниот автомобил.

Според истражувањето, испитаниците првенствено сакаат вистински, физички команди (копчиња и прекинувачи) за отворање и затворање на прозорците, за прилагодување на климатизацијата и јачината на звукот на аудио системот.

Кое е вашето размислување?