Истражување: Ниските температури ја намалуваат автономијата на електричните возила до 44%
Сопствениците на мобилни телефони, практично сите ние, го знаат влијанието на ладното време на батеријата. Се чини дека сопствениците на електрични автомобили се соочуваат со сличен проблем
Барем така произлегува од една студија подготвена на страна на ААА, компанија за истражување на пазарот од Северна Америка, која открива дека автономијата на е-мобилите со едно полнење, може да се намали до 44%, во зависност од временските услови.
Студијата вклучува пет тест модели, а просечното негативно влијание врз капацитетот на батеријата застанало на 41%, во услови кога надворешната температура била -6 до -7 степени целзиусови. Без оглед на тест моделот, падот на перформансите на батеријата бил сличен.
Тестирани се следните модели: BMW i3 S, Chevrolet Bolt, Nissan Leaf, Tesla Model S и Volkswagen e-Golf.
Што доведува до овие резултати? Една од најголемите причини за брзо празнење на батеријата е греењето на салонот. Додека падот на автономијата во услови каде што возачот не ја загрева патничката кабина е само 12%, обратно вклучувањето на контролата на климатизацијата ги носи погоре споменатите резултати.
Додека возачите на возила со конвенционални мотори може да се потпрат на топлинската енергија генерирана од работењето на моторот со внатрешно согорување, дотолку сопствениците на е-мобили се принудени салонот да го загреваат со енергија депонирана во батериската единица. Ќе признате дека возењето на -6 степени практично е невозможно без загревање на патничкиот простор.
„Се додека возачите се свесни за овие околности, шансите да останат без електрична енергија некаде во средина на некаква си пустелија, се минимални“, вели Грег Бренон, директор на автомобилски инженеринг во ААА.
Прекумерното губење на енергија во батериите е карактеристично и за врели денови, иако е помалку изразено отколку во екстремно ладни ситуации. Кога ќе се вклучи климатизацијата на температура од 34°C, автономијата се намалува за околу 17%, а во услови кога клима уредот на оваа температура не е активен, намалувањето е само 4%.
Експертите сугерираат дека во екстремни услови, пред да се тргне на пат, добро е возилото да се загрее додека сеуште е приклучено на полнач.