Истражување: Мажите се многу посклони кон брзо возење
Во САД, на секои 15 минути, едно лице загинува како последица на учество во сообраќајна несреќа. Во исто време, еден од три фатални судири е предизвикан од брзо возење
Оваа врска веројатно е применлива и во нашето опкружување, па дури може да се каже и дека негативните ефекти од брзото возење кај нас се уште поизразени. Затоа, подобро разбирање на причините за ваквото однесување е важен чекор кон подигнување на свеста за безбедноста на патиштата.
Најновата студија спроведена од страна на driving-tests.org покажува дека пребрзото возење не е поврзано со ограничувањата на брзината, без разлика дали станува збор за урбаните или рурални области. Сепак, оваа негативна појава е во голема мерка под влијание на полот и возраста, времето на денот и видот на сообраќајот. Истражувачите анализирале петгодишни податоци од Националната администрација за безбедност на транспортот на САД (NHTSA) .
Во САД секоја година се случуваат повеќе од 37.000 фатални несреќи. Во просек, секој трет случај вклучувал возач кој возел побрзо од пропишаното. Во овој поглед, студијата открива дека поставените ограничувања на брзината честопати се произволни и во суптина не влијаат значително на брзото возење. Всушност, во рамките на петгодишниот период вклучен во студијата, повеќето од случаите со пребрзо возење се случиле во зоните каде што границата била помеѓу 30 и 55 km/h. Во 2017 година, повеќето фатални несреќи се случиле на патиштата каде што ограничувањето на брзината било 90 km/h или помалку.
Истражувачите исто така забележале дека најголем број фатални несреќи се случиле во руралните области, повеќе отколку во урбаните области и автопатите. Причината е што на руралните патишта нема метеж, тие често се слабо осветлени, без видлива ознака, а возачите честопати и не се соодветно запознаени со нив.
Најчестото време во денот кога се случуваат несреќи предизвикани од брзо возење се помеѓу 21 и 23 часот, како и помеѓу полноќ и 2 часот наутро. Најголем број фатални несреќи предизвикани од брзо возење се случиле во текот на деновите од викендот, почнувајќи од петок, а врвот е во недела. Сообраќајот со висока фреквенција на автомобили всушност ги обесхрабрува луѓето да борат брзо.
Кај мажите, „ефектот Фанџо“ е многу поизразен, и покрај фактот дека жените генерално ги бие глас дека се лоши возачи. Мажите во триесеттите години се најсклони кон улество во сообраќајни несреќи предизвикани од брзо возење. Всушност, припадниците на посилниот пол имаат поголема веројатност (77%) да го загубат животот во ваков вид сообраќајна незгода. Тие исто така имаат пет пати поголема веројатност да бидат инволвирани во инцидентот од жените.
Студијата исто така покажува дека воведувањето построга регулатива поврзана со брзото возење нема ефект во спречувањето на ваквото однесување. На пример, најлоши држави во светот кои лошо стојат со почитувањето на максималната дозволена брзина се Јужна Каролина, каде законите се прилично „лабави“ и Ново Мексико, каде што се крајно строги. Следен е Вајоминг, а потоа следуваат Мисури и Монтана. Од друга страна, најдобра е состојбата е во Њу Џерси, Флорида и Масачусетс.
За она што се случува кај нас, веќе и да нема зборови. Казни редовно има многу, иако, ако се прашуваме ние, треба и мора да бидат и многу повисоки, но ефектот скоро и да изостанува. Но тоа е веќе тема за некое друго истражување.