Mercedes ги објави првите фотографии од ентериерот на новиот електричен EQ концепт

Германскиот автомобилски гигант на престојниот автомобилски салон во Франкфурт ќе претстави нов концепт на електрична енергија од семејството EQ, а во пресрет на премиерата, овој автомобил веќе го привлекува вниманието со својата футуристичка патничка кабина.

Концептот, за кој се верува дека е означен како EQS и го најавува идниот луксузен електричен седан, дизајниран е да биде автомобил кој удобно и комфорно ќе вози 4 лица, секој на свое седиште во форма на фотелја.

Сепак, најголемо внимание привлекува елегантната командна табла, која потсетува на детал од јахта. На централната конзола доминира огромен дигитален екран, а конвенционални контроли како прекинувачи и копчиња во овој автомобил нема. Воланот со неговиот правоаголен облик е исто така значително различно од она на што сите сме навикнати.

Интересно е што екранот е сличен на оној од EQ концептот и веќе виден на „шпионските“ фотографии од пред-продукциската Mercedes Ѕ-класа, така што купувачите на овој модел веројатно ќе бидат први што ќе го користат.

Што се однесува до останатите дигитални дисплеи, видливи се уште два во вратите на возачот и на совозачот, како и некаков вид head-up дисплеј пред возачот што е типично за многу денешни концептни автомобили. Исто така типично за концептите, ни овој Mercedes нема класични ретровизори, туку мини камери на нивното место.

Исчезнал и „Б“ столбот за олеснето влегување на патниците во салонот.