Истражувањето е спроведено на територијата на Велика Британија, од страна на компанијата Tracker, која е ангажирана во областа на заштита на автомобилите од кражба, по пат на следење на возилата со користење на електронски сигнали

Титулата најпосакуван модел за 2018 година, од аголот на крадците, е за големиот кросовер BMW X5, кој во изминатите три години на лидерската позиција се менува со Mercedes-Benz С-класата. Не само што X5 најчесто бил мета на крадците на автомобили, туку и најмногу пати успешно е вратен на сопственикот на возилото.

Постојат многу видео клипови на Интернет, кои ја демонстрираат страшната леснотија со која крадците ги отвораат и одземаат автомобилите опремени со бесконтактен систем за влегување во возилото. Меѓутоа, ако криминалците не се свесни за постоење на инсталиран електронски предавател или ако не можат да го најдат во возилото, наоѓањето е исто толку лесно.

Статистиката презентирана од компанијата Tracker, од година во година, покажува зголемување на бројот на украдени возила со користење на таканаречениот систем без клуч (keyless), со стапка на успешно пронаоѓање истите од 88%, под услов тие да бидат опремени со нивниот систем за заштита.

Информативно, BMW X5 на листата на најатрактивни возила за крадците досега осум пати во текот на последните девет години бил на првото место.