Отфрлањето на бензинот, а во нашиот случај, дизелот, од нашите животи се чини дека е многу далечна иднина

На глобално ниво, електрификацијата влегува во „шеста брзина“, а за тоа постои и консензус. Но, дали навистина е така, се прашуваат и Американците, а според новите податоци кои доаѓаат од САД се чини дека е сосема спротивно. Не само што електричните возила сочинуваат помалку од еден процент од регистрациите, туку само мал број државите во САД бележат пад на продажбата на автомобили на фосилни горива.

Студијата, спроведена од Axios врз основа на податоците од S&P Global Mobility, покажува побавна приказна кога станува збор за „префрлањето“ од фосилни горива на електрична енергија. Имено, во мај 4,6 отсто од сите нови возила во Америка биле електрични, што е двојно повеќе од мај минатата година, но повторно – многу мал удел.

Во предвид е земено секое поединечно возило, вклучувајќи ги и користените. Има добри шанси транзицијата да продолжи да се забрзува бидејќи во следните години ќе има се повеќе достапни модели.

Во мај, пазарната понуда била 46 електрични возила, но S&P Global смета дека до крајот на годината во понудата ќе има 63. Во исто време, повеќе од државите ќе бидат подготвени да ја прифатат технологијата.

Удел на електрични возила во САД по држава

Не е изненадувачки што Калифорнија води во усвојувањето електрични возила, со 39 проценти удел во пазарот. Веднаш зад Калифорнија е Флорида со 6,7 отсто, а Тексас е на третото место со 5,4 отсто. Освен овие држави, само Вашингтон (4,4 отсто) и Њујорк (3,6 отсто) имаат повеќе од 3,5 отсто од остатокот од САД.

Но, повторно, кога станува збор за процентот на електрични возила на патиштата во однос на вкупниот број возила, а не само за нови, бројките се прилично ниски.

Помалку од 2 отсто од возилата регистрирани во Калифорнија се целосно електрични. Секако, со зголемувањето на инфраструктурата, транзицијата ќе се забрза, но сепак се чини дека Американците се многу далеку од тоа фосилните горива да се исфрлат од употреба.