Во ова село се поставени бетонски столбчиња насликани на реален начин со цел да ги предупредат возачите внимателно да возат

Жителите на англиското село „Stoney Stanton“ велат дека се преплашени од бетонските столбчиња во облик на деца кои се поставени за да предупредуваат на училишната зона. Необичните столбчиња се појавија и на интернет преку видео поставено од возач кој минувал во селото, а на видеото „децата“ стојат целосно мирно и со „студен поглед гледаат“ во возачите кои поминуваат во тој дел од селото, пишува Daily Mail

Столбчињата се насликани на реален начин со цел да ги предупредат возачите внимателно да возат. Сепак, тие не се нешто ново затоа што се поставени пред повеќе од две години од страна на општинскиот совет и локалното училиште „Stoney Stanton“.

Луѓето кои го виделе видеото за „децата“ велат дека се застрашувачки и како да се „дел од хорор филм“. 

„Уф, ова е многу вознемирувачко“, се вели во еден од компентарите. „Мислам дека насликаните столбчиња повеќе би го одвлекувале вниманието отколку што предупредуваат дека тој дел е училишна зона“.

Столбчињата се поставени како дел од програмата за безбедно возење на селото во јули 2020 година. Тие се замисла на општинската службеничка Роз Вард, кој помогнала да станат реалност. „Децата“ ги добиле прекарите Били и Белинда.