Модифицираниот Nissan 240Z се превртел и запалил, а гледачите и случајните минувачи за жал не успеале да го спасат

Водителот и натпреварувач во популарното шоу „Street Outlaws: Fastest in America“ загинал  додека снимал трка за емисијата Discovery во близина на Лас Вегас.

Несреќниот Рајан Фелоус се тркал со златен Nissan 240Z против друг автомобил кога изгубил контрола во близина на целта, известува TMZ.

Ryan Fellows

Модифицираниот Nissan 240Z се превртел и се запалил, а гледачите и случајните минувачи, за жал, не можеле да го спасат од остатоците на автомобилот, кои, судејќи според снимките на TMZ, на крајот се нашол превртен на кровот. Се уште нема објаснување за причината за несреќата.

Почетокот на франшизата Street Outlaws е во Мемфис, 2013 година. Во новата сезона, се натпреварувале осум тимови на тркачи за награда од 100.000 долари.

„Семејството Street Outlaws“ е скршено по несреќата што доведе до трагична смрт на Рајан Фелоус“, вели портпаролот на серијалот преку официјалниот профил на Twitter. „Ги изразуваме нашите најдлабоки сочувство до најблиските на Рајан додека се справуваат со оваа ненадејна и катастрофална загуба“.

Фелоус зад себе остави сопруга и две деца кои ќе бидат корисници на кампањата GoFundMe која е стартувана по несреќата. 

„Рајан беше страстен вљубеник во автомобилите и беше „воин“ на асфалтот на многу начини. Беше ценет за неговата упорност и немилосрдниот стремеж да ги надмине предизвиците што беа пред него“, стои во описот на кампањата.