По оваа информација тешко е да се поверува во гласините дека Apple ќе ја намали цената на наследникот на овој модел во септември

Иако голем број на медиуми упатени во ситацијата во Apple тврдат дека во оваа компанија не се задоволни од побарувачката за iPhone X, поради што морале да го намалат производството, податоците за остварената добивка на поедини модели на паметни телефони покажуваат дека Тим Кук и неговиот тим може да бидат многу среќни со продажбата на „десетката“.

Според резултатите од истражувањето на Counterpoint Research, продажбата на Apple iPhone X остварила најголем профит на глобалниот пазар на паметни телефони – дури 35 отсто! Особено интересно е истражувањето за последните три месеци од минатата година, од кои iPhone X присутен само два месеци.

Неодамна, на интернет кружеа информации дека во Apple сфатиле дека iPhone X е премногу скап и следната генерација може да биде поевтина за стотина долари. По објавувањето на овие податоци, се чини дека Apple и нема премногу причини да ја намали цената на телефонот и неговата маржа бидејќи се покажува дека фановите на оваа компанија се подготвени да платат голема цена за врвниот модел со логото на јаболкото.

Уште еден податок на Counterpoint Research поврзан со профитот на глобалниот пазар, кој е секако интересен за Apple, е дека е меѓу првите десет телефони кои имаат направено најголем профит, осум се на Apple, додека другите два модели се Samsung уреди.

По десетката, кој е прв на листата, следат iPhone 8 (19,1 проценти профит) и 8 Plus (15,2), по што следaт двете седмици (7 – 6,2 проценти и 7 Plus – 5 проценти), а дури потоа Galaxy Note 8 (3,9 проценти). По нив на листата најпрофитабилни се iPhone 6 (1,8 проценти), Galaxy S8 Plus (1,7 проценти), iPhone 6S (1,6 проценти) и на десетто место, верувале или не, е iPhone SE, моделот со 4-инчен екран кој достигнал 0,9 отсто од глобалниот пазар на паметни телефони.