Јапонците сакаат да ги заштитат податоците на сопствениците на нивните автомобили

Јапонскиот производител Toyota нема да го користи системот Android Auto во своите автомобили за поврзување на паметните телефони со Android оперативен систем со мултимедијалниот систем, изјави портпаролот на компанијата.

Причина за откажувањето од Android Auto е тоа што програмата собира информации за брзината на возилото и перформансите на моторот – вртежи во минута, температура, состојба на течноста за ладење и масло. Ова стана јасно уште во 2015 година, но потоа Google, ги отфрли таквите тврдења.

ИТ компанијата потоа потврди дека добивале податоци за бројот на вртежи на моторот и брзината, а тие биле користени за подобро движење низ навигацискиот систем. Google тогаш соопшти дека Toyota ќе го користи Android Auto во своите автомобили и нема проблем помеѓу двете компании.

Сепак, тоа не е така, па Јапонците сега не му веруваат на Android, неколку години подоцна. Затоа, во блиска иднина, системот нема да се користи во моделите на Toyota и lexus. Во исто време, во 2019 година, системот Apple CarPlay, кој служи за интегрирање на iPhone со системите на автомобилот, ќе се појави во некои модели на Toyota.