Интересна понуда од Hyundai Македонија – Вози ново возило веднаш, плаќај го од октомври
Во време кога автомобилската индустрија на глобално ниво, а од тоа не е исклучок ниту Македонија, бележи огромен пад на продажбата, од Ми-Да Гранд Моторс стигнува интересна понуда за возилата од програмата на Hyundai
Ми-Да Гранд Моторс овозможува одложено лизинг плаќање на сите нови возила достапни на залиха.
Што вели понудата? Сега можете да го набавите Вашето ново HYUNDAI возило со плаќање само на 35% учество и веднаш да почнете да го возите. Исплатата на ратите би започнала од Октомври 2020 без дополнителни камати во меѓувреме!
Дел од понудата се моделите Hyundаi i20, Hyundai i30, Hyundai Elantra и Hyundai Tucson кои доаѓаат со Premium ниво на опременост, односно Vision за моделот Tuscon. Од Ми-Да Моторс ги повикуваат сите заинтересирани да се обратат во салонот на Hyundai за тест возење, а притоа понудија и калкулација за овие модели кога станува збор за износот на месечната рата.
- Hyundai i20 1.2i 84 КС / 132 € (месечна рата / 72 рати)
- Hyundai i30 1.4MPI 100 КС / 190 € (месечна рата / 72 рати)
- Hyundai ELANTRA 1.6MPi 127 КС / 172 € (месечна рата / 72 рати)
- Hyundai TUCSON 1.6GDi 132 КС / 215 € (месечна рата / 72 рати)
Компанијата воедно нуди и продолжена гаранција од 7 години за секое возило.
За повеќе информации посетете го официјалниот сајт на Ми-Да Моторс, или јавете се на телефонскиот број 02 30 73 103