Интересна одлука: Минеаполис ја укинува drive-thru услугата во ланците за брза храна
Услугата Drive-Thru за нарачки нa брза храна, одамна веќе не е само американса погодност. Но, во Минеаполис сега е непожелна
Градскиот совет во Минеаполис минатата недела донел одлука со која се забранува издавање на дозволи drive-thru услугата. Станува збор за една од најпопуларните услуги на ланците за брза храна во Америка, иако одамна е проширена и во другите индустрии.
Одлуката во моментот се однесува само за новите ресторани, па затоа и се забранува изградбата на такви капацитети. Исто така, ова се однесува исклучиво на рестораните за брза храна, додека забраната не се однесува на други активности како што се банки, аптеки и продавници.
Сигурно се прашувате за причината. Верувале или не, оваа одлука не е поткрепена директно од проблемот со дебелината на граѓаните, дури и не го ограничува влијанието на брзата храна во секојдневниот живот, туку повеќе ја ограничува оваа услуга за да ги заштити пешаците од евентуални судири на возила.
Исто така, ја штити животната средина со намалување на штетните емисии на издувни гасови. Поточно, градскиот совет донл одлука со намера да ги намали емисиите на стакленички гасови за 80% до 2050 година. Планот, исто така, предвиува намалување бројот на бензински пумпи и места за паркирање, со цел поседувањето на возило да стане практично невозможно Интересно е што нема ниту збор за електричните возила.