Првиот автомобил од Sony и Honda се очекува во 2025 година

Се чини дека новата идеја на маркетинг експертите и инженерите во автомобилската индустрија е да внесат што повеќе забава во автомобилите. Ако не за возачот, тогаш барем за патниците. Со новата BMW Серија 7, на пример, како опција доаѓа огромен екран на задните седишта. Tesla има некои основни игри во своите модели, но се чини дека со новиот автомобил на Sony, кој се создава во копродукција со Honda, идејата за забава оди чекор понатаму.

Претседателот и главен оперативен директор на Sony Honda Mobility, Изуми Каваниши, најавува голем исчекор во интервју за Financial Times. Првиот автомобил од Sony и Honda се очекува во 2025 година, а според сите најави, тој прв автомобил би можел да има интегрирана конзола за игри Playstation 5. Каваниши тврди дека Sony знае како да го направи тоа.

Како да се комбинираат игрите и забавата за патниците со фактот дека возењето бара концентрација? Останува да видиме…