Инди 500: Победа на Сато, Алонсо само 21-ви
Такума Сато го освои Индијанаполис 500 по втор пат во својата кариера
104-то издание на легендарната трка беше одложено поради пандемијата на коронавирус и се случи три месеци подоцна од вообичаениот термин во мај. Во возбудлива трка во која изостанаа и вообичаените инциденти, Такума Сато ја оствари својата втора победа возејќи за тимот на Rahal Letterman Lanigan Racing. Првата победа датира од 2017 година кога возеше за тимот на Andreti Autosport. Сато до победата стигна со само 57 илјадитинки предност пред Австралијанецот Скот Диксон и тоа под жолти знамиња затоа што пред крајот на трката Спенсер Пиго имаше голем инцидент. Како трет трката ја заврши Грем Рахал, пред Сантино Феручи и Џозеф Њугарден.
The sweet taste of victory for @TakumaSatoRacer!#Indy500 | #WinnersDrinkMilk pic.twitter.com/1A48pXKN3l
— Indianapolis Motor Speedway (@IMS) August 23, 2020
REPLAY: Yellow Flag is out after this incident involving @conordaly22 and @oliver_askew.
Watch LIVE on @nbc.#INDYCAR // #Indy500 pic.twitter.com/SdqJLztaAs
— NTT INDYCAR SERIES (@IndyCar) August 23, 2020
Currently under a full course yellow at @IMS after an on-track incident involving @AlexPalou. #INDYCAR // #Indy500 pic.twitter.com/ogvoWGDnp5
— NTT INDYCAR SERIES (@IndyCar) August 23, 2020
After trying to drive his way back to the front, @alexanderrossi's day is done early after an on-track incident.
Watch live now on @NBC. #INDYCAR // #Indy500 pic.twitter.com/CAEK4ynKnt
— NTT INDYCAR SERIES (@IndyCar) August 23, 2020
Фернандо Алонсо заврши на 21. место со својот Arrow McLaren.
„Од самиот почеток, имавме проблеми со балансот на болидот – со задниот крај. При застанувањата во боксот, постојано правевме промени и малку по малку болидот го доведовме на задоволително ниво. Околу 110-от круг бевме 15-ти, каде што и сакавме да стигнеме. До половина од трката стигнавме посакуваната 15-та пчозиција во однос на стартната 26-та, но тогаш се појави проблем со спојката, кој не знаевме како да го решиме. За жал, тоа не чинеше цел круг заостанување. Како и да е, мило ми е што ја завршивме трката. Тоа е позитивно. Јас сум многу горд на работата на целиот тим во последните неколку недели. Се обидовме, среќата не беше со нас“, изјави Алонсо по трката.