Има ли шанси против веќе докажаните: Duster против Jimny и Niva / ВИДЕО
Dacia може off-road, но дали има ли шанси против вистински теренски возила?
Споредбата на Duster, Jumny и Niva изгледа како катастрофа за романскиот автомобил, но тоа е така само на прв поглед.
Да почнеме со фактот дека Dacia е луксузен производ во споредба со овие два автомобили. И Suzuki Jimny и Lada Niva се автомобили кои зрачат со едноставност. Но таму е нивната сила. Тие се чест избор на шумски и гранични служби и се совршени за тешки услови.
Lada Niva под хаубата го крие легендарниот 1.7-литарски бензинец со 85 КС. Suzuki Jimny, пак, има 1,5-литарски бензинец, 101 КС. Под хаубата на Duster се наоѓа 1.5-литарски дизел со 115 КС. Сите овие автомобили имаат погон на сите тркала.
А како сето тоа изгледа во реални услови погледнете во приложеното видео.