Илон Маск: Tesla нема да прави електричен мотор
Причината е многу едноставна: Илон Маск се плаши од мотоцикли
Сопственикот на Tesla како млад човек од 17 години доживеал сообраќајна несреќа со мотоцикл и оттогаш „љубовта кон мотоциклите исчезнала“. По несреќата, Илон Маск, целосно го свртел грбот на „милениците“ на две тркала, бидејќи за него нивното возење е преголема опасност.
Дефинитивно, електрификацијата на мотоциклите и скутерите се движи многу побавно отколку кај автомобилите. Во последните 15 години на пазарот се појавиле голем број на брендови кои ја испробале својата среќа со електрични мотори, но повеќето брзо пропаднаа.
Harley-Davidson е еден од најголемите производители кои сериозно работат на создавање електричен мотор. BMW Motorrad се заинтересирани исклучиво за електрификација на скутери, додека Ducati, ако остане под покровителство на Audi, ќе бидат принуден до 2025 година да понуди електричен мотор.
Експертите сугерираат дека Tesla ја има технологијата за производство на електричен мотоцикл, но Маск без колебање ја забранува работата на овие возила на две тркала. Со оглед на популарноста на Tesla, нема сомнение дека такво возило брзо би нашло свои клиенти.