„Илон Маск ќе го колонизира Марс“ / ВИДЕО
Благодарение на отвореноста и ексцентричноста на Илон Маск, од документарната серија Axios на HBO можеме да дознаеме многу работи
Едно такво откритие беше „огромниот одлив на пари“ од Tesla претходно оваа година, врзано за производството на Model 3. Сепак, како што е познато, дојде до реално „воскреснување“, така што моделот стана комерцијална локомотива на американскиот бренд.
Второто големо откритие е поврзано со проектот SpaceX и плановите на Маск за колонизација на Марс, што би значело дека тоа нема уште долго да го гледаме на „сината планета“, од проста причина што ќе биде на „црвената“.
Запрашан за веројатноста тој лично да отиде на Марс, милионерот од Калифорнија како од пушка: „70 отсто“. Зошто процентот е толку висок? „Бидејќи неодамна направивме бројни револуционерни решенија за кои сум многу возбуден“, следи неговиот одговор.
За каков вид на „револуционерни решенија“ станува збор тешко може да се претпостави, но Маск вели дека колонизацијата на Марс може да се одигра веќе за време на неговиот живот, што значи дека Маск може да биде еден од „граѓаните“.
Запрашан дали колонијата на Марс може да биде „спас“ за богатите, тој вели дека планетата е негостожубива како и Антарктикот, така што сите луѓе кои ќе се најдат таму имаат добри шанси таму и да умрат.
Сепак, тој не се откажува од можноста да оди на Марс.
SpaceX својата прва карго мисија на Марс планира да ја испрати во 2022 година, за однапред да се создадат залихи за идните астронаути. Две години потоа, во друга мисија, ќе втората мисија би имало тим кој треба да создаде станица за полнење гориво. Двата брода од мисиите би претставувале основа за првата човечка населба на Марс.