Дали знаете како се вештачката интелигенција веќе денес го менува нашето општество? Токму на ова прашање се бара одговорот во овој документарен филм

Илон Маск е познат како претприемач и иноватор, но исто така и како голем противник на вештачката интелигенција. Тој неколку пати има посочено дека, според него, вештачката интелигенција е опасна, па дури и ја има опишано како поопасна од нуклеарна бомба.

Затоа, не е ни чудо што се согласил да учествува во документарец под има „Дали му верувате во овој компјутер?“, кој ја преиспитува вештачката интелигенција и потенцијалните опасности кои можат да бидат предизвикани со нејзиниот развој.

Во документарецот, режисерот Крис Пајн преиспитува еден куп на податоци разни сервиси ги собираат од луѓето, ги обработуваат, интерпретираат и потоа повторно ни ги сервираат преку различни апликации, интелигентни уреди и насочени реклами.

Документарниот филм, меѓу другото, го истражува растот на анализа на податоците и учењето на машините, како и нивната моќ целосно да го променат нашето општество.

„Инспирацијата за документарецот ја добив пред три години кога го поврзав телефонот со мојот лаптоп и го видов прашањето: Дали му верувате во овој компјутер? И покрај мојот ентузијазам за технологијата, сфатив дека вистинскиот одговор всушност беше – не“, објаснува Пајн.

Тој додава дека всушност идејата е да се истражи како вештачката интелигенција, малку по малку, го редефинира сето она во што веруваме, како и нашиот однос со компјутерите.

За она што не чека во иднина и дали може да и веруваме во технологијата која сами ја создаваме, Пајн разговара со цела низа на реномирани експерти кои се занимаваат со развој на вештачката интелигенција.

Овој интересен документарец може бесплатно да го погледнете до крајот на викендот на неговата официјална страница.

Ова е трејлерот за него.