Прашината која се подигна откако General Motors објави дека ќе напушти неколку фабрики низ САД и Канада сè уште неслегнува. Потенцијалниот нов сопственик на овие фабрики е Tesla

Во едно неодамнешно интервју дадено од Маск за американските медиуми, милијардерот потврди дека е заинтересиран за купување на една од овие локации. Изјавата е сосема логична, бидејќи Tesla е на крајот од своите можности во сегашната фабрика. Илон Маска неколкупати повтори дека ако сака да го следи производниот план, оваа компанија ќе мора да изгради повеќе фабрики во САД, но исто така и во остатокот од светот.

Позицијата на фабриките на General Motors е сосема адекватна за Tesla, која е во голем налет оваа година. По решавањето на производствениот пекол со Model 3, американскиот бренд влезе во нов проблем, а тоа е логистиката која сè уште му фали на овој бренд.

Треба да се напомене дека Тесла планира да започне со производство на електрични камиони, како и долгоочекуваниот Roadster во наредниот период, што треба да стане сериски автомобил со најдобро забрзување до 100 km/h. Освен веќе споменатиот Model e, се очекува доаѓањето на Модел Y и електричниот пикап, па така сосема е реално Тесла да преземе барем една од фабриките на General Motors.

Прес-службата на Tesla сè уште не ги коментирала наводите на американските медиуми.