Илјадници работници од Maserati една година дома на плата
Во месецот кога 104 години, Maserati се соочува со нови проблеми кои ќе испратат илјадници работници дома
Fiat Chrysler Automobiles (FCA) започнува со реструктуирање на фабриката Мијафиори во Торино, па затоа повеќе од 3200 работници ќе бидат испратени во своите домови. Како што објави AutoNews, веќе првиот ден во новата година, компанијата дома ќе испрати 2445 работници, а во март уште 800. Сите тие, за време на принудниот одмор, ќе примаат намалена плата од фонд кофинансиран од италијанската влада.
Од работниците се очекува да се обучуваат за производство на електрични модели во текот на горенаведениот период. Имено, во оваа фабрика, од 2020 година, ќе се произведува електричниот Fiat 500e. По запирањето на производството Punto, Panda и Alfa MiTo, сегашниот асортиман на најстарата фабрика на Fiar во моментов е само Maserati Levante.