Veyron е скап автомобил, па затоа нема причина зошто деловите да не се скапи

Иако во меѓувреме Veyron го напушти „тронот“ на помладиот брат Chiron, тој сеуште е многу импозантен автомобил. Се разбира, таков модел може да си дозволат малку луѓе, а дури и сервисирањето не е лесно.

На пример, усисната грана се состои од три дела, а вкупната цена е повеќе од 10.000 американски долари. Сервисот за замена за овие делови е 1.800 долари.

Монструозниот W16 содржи четири турбополначи. Секој од нив чини 6.400 долари, а кога на таа цена ќе се додаде и работата на мајсторите, цената е 9.000 долари. Регулаторите на брегастото вратило чинат од 700 до 800 долари, во зависност од положбата, но бидејќи е комплицирано „отворањете“ на моторот овој процес без резервни делови чини 21.000 долари.

Иако, како што може да се види, цените за сервисирање на Veyron се високи, сепак има и делови кои се делат помеѓу возилата во VW групацијата. На пример, Veyron користи идентични четири сензори за положбата на брегастото вратило, како и Golf или Jetta. Еден од овие сензори чини 9 долари, но замената на сите четири сензори чини неверојатни 7.200 долари, повторно, поради отворањето на моторот.

Најскапиот предмет на листата е резервоарот кој чини 20.000 долари, а неговата замена чини 22.000 американски долари. Пумпата за гориво е 3.400 долари, но без работна рака.

Еден издувен колектор чини 2.000 долари, но бидејќи до него тешко да се доаѓа, ќе треба уште 22.000 долари за да се платат механичарите. Veyron користи BOSH ME9.1 јжкомпјутер за моторот кој е изненадувачки достапен. Новиот дел чини 550, а замената 700 долари. Сепак, приказната е сосема поинаква кога станува збор за компјутерската единица одговорна за трансмисијата. Замената на овој дел е 9.000 долари.

Инструмент таблата е 3.500 долари, а за нејзина замена потребни се дополнителни 1.400 долари. И така натаму…