Податоците на Google Trends покажуваат дека овој феномен не е ограничен само на САД

Во 2021 година, Kia официјално го промовираше своето ново лого со спектакуларен огномет на небото над јужнокорејскиот град Инчеон на брегот на Жолтото Море.

Тогаш дури 303 пиродронови лансираа стотици огномети, поставувајќи нов Гинисов рекорд по бројот на синхронизирани беспилотни летала кои лансираат огномет.

Во тоа време, од Kia рекоа дека сакале да го одбележат новиот почеток на Kia со синхронизиран уметнички приказ, осветлување и прослава. Сепак, оттогаш, многу потрошувачи се чини дека се збунети од новиот дизајн.

Конкретно, корисник на Twitter, @Shwinnabego, забележал дека пребарувањата на Google за „KN car“ значително се зголемени од летото 2021 година кога моделите со новото лого станаа почести. Оваа конфузија се протега надвор од резултатите од пребарувањето бидејќи објава на Reddit покажала слика од Kia Carnival и прашала „Модел на KN автомобилi“?

Податоците на Google Trends покажуваат дека овој феномен не е ограничен само на Соединетите Држави, бидејќи луѓето во Австралија, Канада и Обединетото Кралство вршат пребарувања како „KN SUV“, „KN car brand price“ и „KN car brand electric“. Пребарувањата во Америка се слични и вклучуваат „која е марката на автомобили KN“, „KN Carnival автомобил“ или „Што е KN“.

Додека има околу 30.000 пребарувања месечно за „KN car“ само во САД, Tire Meets Road забележаl дека Kia имала 1,83 милиони пребарувања во истиот временски период, така што 30.000 е релативна капка во кофата. Сепак, се чини дека се случува доволно често, пишувањето „KN“ во Google Chrome автоматски да сугерира „KN Car“ и „KN Car Brand“.