По години на развој на напредна технологија и повеќе од 16 милиони извозени автономни километри, Waymo направи револуционерен чекор напред кон иднината во која компјутерите ќе ги заменат луѓето во возилата

„Ова е роботски такси сервис! Ова е иднината!“! Со овие зборови новинар на The Verge го опишува Waymo One, автономниот такси сервис кој Google, односно Waymo го лансираше во Феникс, но додава и дека возењето во такви автомобили управувани од страна на компјутер е досадно, што е добра работа. Имено, за време на возењето воопшто не се добива впечаток дека со возилото управува компјутер (за тоа придонесува и фактот дека зад воланот сепак седи човек кој е подготвен да ја преземе контролата над возилото доколку е потребно) и возењето е безбедно, удобно и доста внимателно.

Интересно, според возачите кои веќе некое време го делат патот со автономните компјутери, големата претпазливост и почитување на сообраќајните правила еден од минусите на роботските возачи бидејќи во ситуации каде што се очекува возачот да биде во можност да ги крши сообраќајните правила, компјутерите тоа не го прават и такви ситуации често знаат да ги збунат возачите во Феникс, каде Waymo веќе некое време го тестира својот автономен сервис.

Waymo не сака да брза со оваа услуга, и веднаш да овозможи за сите и секаде, туку нивните автономни возила ќе се движат само во одредени делови од градот и ќе бидат достапни само за луѓе кои биле дел од тест проектот. Исто така, и покрај тоа што имаат лиценца за такси служба без возач, во почетокот во предниот дел сепак ќе седи возач кој би треба да спречи несреќи и трагедии во случај компјутерот да донесе погрешна одлука.

Иднината е тука!

Како до возило? Такси возилото корисниците едноставно ќе можат да го повикаат преку мобилна апликација во која ќе ја впишат дестинацијата, а со тоа ќе им се прикаже и цената за услугата. Во внатрешноста на автомобилот од задниот дел на предните седишта има екрани на кои патниците можат да видат се што „гледаат“ сензорите на автомобилот – предвиденото движење на автомобилот во кое се наоѓаат и други возила и пешаци.

Во Waymo се свесни дека до крајната цел пред нив има долг пат, а во обликувањето на иднината во која возењето ќе биде помалку стресно и побезбедно за сите учесници во сообраќајот во голема мера ќе помогнат и коментарите на корисниците на услугата.