Времето не може да се врати назад, а со последиците од лошите одлуки при управување со автомобилот ќе мора да „живеете“

Возачите се целосно во право кога се лутат, понекогаш и премногу, кога некој намерно ќе им го пресече патот, кога се престројува без користење на трепкачите и не гледајќи во ретровизорите, кога од спореден пат се приклучува на главен буквално пред нив… Иако сето ова фрустрира, факт е дека не можеме да влијаеме на однесувањето на другите возачи кои прават прекршоци и намерни или „ненамерни“ грешки.

Она што можеме да го сториме е да се однесуваме одговорно на воланот, да не возиме премногу брзо и секогаш будно да селдиме што се случува околу нас, затоа што нашата навремена реакција може да ги надомести другите грешки во сообраќајот и да спаси животи.

На оваа тема се снимени бројни видеа, но едно со потекло од Нов Зеланд е веројатно едно од најдобрите:

Видеото носи моќна порака – дури и ако некој друг направи грешка во сообраќајот, несреќата може да се избегне ако не возиме премногу брзо. Така и во овој случај, ако возилото кое се движи по главниот пат е побавно, ќе може навремено да закочи и трагедијата веројатно би била избегната.

Loading...