Полицијата во Естонија започнала со оригинална кампања

На возачите кои сакаат да нагазат на педалата за гас, им се нуди избор – парична казна или пауза во возењето сè додека не се смират.

Според новата кампања, ако возачот одбере пауза, тој мора да остане во полицискиот автомобил одреден временски период. За пречекорување на брзината до 21 km/h, возачот ќе треба да одседи 45 минути, за забрзување од 21 до 40 km/h, цел час.

„Разговаравме со голем број на возачи по што дојдовме до идејата за пауза. Тие велат дека паричните казни денес веќе немаат значение. Возачите ги гледаат како обични сметки – плаќаат и забораваат на нив. Од друга страна, тие навистина се нервираат ако треба да поминат еден час во полициски автомобил“, посочува извесен советник по име Елари Касемет.

Од полицијата објаснуваат дека опцијата за замена на паричната казна со пауза во возењето, се однесува само на оние кои ќе бидат фатени за прв пат.

„Скоро сите возачи кои минале време овде навистина се смируваат. Тие возат малку под ограничувањето на брзината, па мислам дека ова решение се покажа како вистинска работа“, додава Касемет.

Сепак, ова не е единственото креативно решение за естонската сообраќајна полиција. Од пред една година, полицајците покрај паричната казна на прекршителита на законот има делат донаторски картички заедно со парична казна за да им помогнат на сторителите да го разберат ризикот од пребрзо возење.