И покрај болките во пределот на лактот, Норис подготвен за денешната трка
По несреќата што ја имаше во квалификациите за Големата награда на Белгија, Ландо Норис беше однесен во болница на детален преглед, а како превентивна мерка биле направени и рентген снимки.
Резултатите покажале дека со младиот Британец е се во ред и дека ќе биде подготвен да вози во денешната главна трка. Направените прегледи потврдиле дека нема поголеми повреди и дека Норис ќе биде подготвен да вози. Потврда за тоа има и од првиот човек на тимот на McLaren, Андреас Сеидл.
Што се однесува до самиот болид и направената штета, сите се надеваат дека истиот ќе биде навреме поготвен за главната трка.
Возачот на McLaren возеше одлично во првиот и вториот дел од квалификациите, но дождот се засили на почетокот од третиот дел од квалификациите, кои траеја речиси два часа.
За време на првиот брз круг во овој дел од квалификациите, Норис изгуби контрола над болидот откако помина низ насобрана вода на патеката.Се обиде да го исправи болидот, но не успеа и заврши во заштитниот ѕид.
https://youtu.be/EzTmGimYn1k