Чекањето заврши. Hyundai конечно и официјално го претстави долгоочекуваниот пикап модел Santa Cruz (иако Hyundai го опишува како Sport Adventure Vehicle)

Hyundai Santa Cruz беше прикажан во форма на студија во 2015 година на Салонот за автомобили во Детроит, a претставниците на оваа јужнокорејска компанија во последните години повеќе пати најавуваа дека сериска варијанта дефинитивно ќе има.

Минатата година конечно и официјално беше потврдено дека сериската верзија на овој пик-ап модел ќе се појави во производство во текот на 2021 година, почнувајќи од јуни во фабриката на Hyundai во Алабама (САД).

Во однос на димензиите, Santa Cruz е долг 4.970 mm, широк 1.905 mm, висок 1.694 mm и има меѓуоскино растојание од 3005 mm. Тркалата во понуда се движат од 18 до 20 инчи.

Моторната гама вклучува 2.5-литарски мотор со нешто над 190 КС и 244 Nm (спарен со 8-степен автоматски), како и 2.5-литарски турбо со околу 280 КС и 420 Nm (во комбинација со 8-степен менувач со двојна спојка). Двете верзии се достапни со опционален погон на сите тркала HTRAC.

Опремата вклучува, меѓу другото, 10.0-инчен инфо-забавен екран, опционална 10.0-инчна дигитална инструмент табла, систем за одржување на возилото во сообраќајната лента, камера за слепите точки, surround-view монитор, опционален звучен систем Bose …

[useyourdrive dir=”1w-PSNVQUp3EDcyJ63KGb9VfcAA_qPJB5″ maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

https://youtu.be/aAJAhU6389E