По неколку месечни шпекулации, Hyundai официјално потврди дека е во процес на развој на нов автомобил, предводник на одделот за перформантни автомобили, N

Еден од менаџерите на одделот од Јужна Кореја, Томас Шимира, вели дека Hyundai подготвува нов автомобил, кој треба да биде круна на нивната понуда. Се вели дека тоа е специјална машина, егзотична, нешто што никој не го очекува од јужнокорејскиот производител.

Шимира не сака да нагласи за каков вид на автомобил станува збор, но дава наговестување дека ќе биде вистински супер-автомобил, се разбира, двосед. Иако ова сè уште не е официјално потврдено, се поверојатно е дека Hyundai нема да работи на перформантен седан, туку ќе навлезе во егзотичниот сегмент.

На прашање како би можел да изгледа суперавтомобилот, Томас Шимира дава само краток одговор моделот кој доаѓа донекаде ќе се личи на концептот RM 16N преставен пред две години. Извршниот потпретседател на одделот N најавува дека перформантните N модели на Hyundai наскоро ќе бидат електрифицирани.

На прашање дали наскоро ќе може да се видат N варијанти на моделите i20 и Kona, Шимира не дава одговор.