
Hyundai ja претстави освеженaта електрична Kona / ФОТО
Јужнокорејскиот производител премиерно го претстави рестилизираното електрично издание на моделот Kona
Моделот на сцена стапи пред само две години, и оттогаш има продадено повеќе од 120.000 единици на глобално ниво, што е одличен резултат за еден електричен автомобил.
Визуелните промени кај Kona Electric се слични на оние во стандардниот модел. Напред се рестилизирани светлосните групи, а истото е сторено и позади. Поинакви се и предниот и задниот браник, додека напред се наоѓа асиметричен капак кој го крие конекторот за полнење на батеријата на автомобилот. Освежената Kona Electric сега е 40 mm подолга од моделот пред рестилизација.
Корејскиот електричен модел користи батерија од 64 kWh, што му овозможува респектабилна автономија од 484 км според протоколот WLTP. Kona Electric има еден електромотор со 201 КС и 395 Nm.
Промени има и во ентериерот, иако далеку посуптилни споредени со промените на надворешниот дизајн. Како и да е, јужнокорејскиот производител вовел нов систем за амбиентално осветлување, но и дуо големи дисплеи со дијагонала од 10,25 инчи. Еден од екраните, оној што е на горниот дел од централната конзола, се користи за контрола на инфо-забавниот систем, додека другиот ја има улогата на дигитална инструмент табла.
Kona Electric може да се пофали со низа активни системи за безбедност. Почнувајќи од AEB, преку прилагодливиот темпомат, систем за предупредување за возила во мртвиот агол, систем за одржување на возилото во сообраќајната лента, предупредување за пречекорување на дозволената брзина…
Hyundai потврди дека освежената Kona Electric во продажните салони ќе пристигне следната година, но сè уште не е познато која ќе биде почетната цена.