Независниот EuroNCAP на Mazda MX-30 и доделил максимални пет sвезди, со оцена од 91% и 87% во категориите за заштита на возрасни патници односно деца во автомобилот.

Mazda MX-30 освоила максимален број поени на тестовите за странични удари, како и на тестот за судар за категорија деца од 6 и 10 години, и за фронтален и за страничен удар.

MX-30 е првата Mazda која освоила пет ѕвезди со новите построги тестови на EuroNCAP.

Резлутатите на електричната Mazda се следни: возрасни – 91%, деца – 87%, безбедност на пешаците – 68% и системи за асистенција – 73%.

Оценката е резултат на примената на најновата Skyactive механичка платформа на возилото, која се карактеризира со висока цврстина на конструкцијата и лесна структура на каросеријата која апсорбира удари.

Покрај тоа, автомобилот е опремен со широк спектар на напредни технологии за безбедност i-Activ sensе кои на возачите им помагаат да ги идентификуваат потенцијалните ризици и да ја намалат веројатноста за повреда, како и високо ниво на заштита на пешаците.

Истакнат дизајн елемент на MX-30 е неговата врата во слободен стил, наследено решение од Mazda RX-8 од 2003 година. Сепак, ова не влијае негативно на безбедноста.

Всушност, анализата на фрактурата на деформабилните елементи при тест на фронтален судир со делумно преклопување на предните површини покажала дека структурата на MX-30 не претставува голем ризик за патниците при ваков вид судир, соопшти EuroNCAP.

Исто така, при тестот на страничен удар – симулирање на судир со друго возило со силно странично влијание – заштитата на сите критични области на каросеријата била добра, а автомобилот постигнал максимален број поени за овие два теста.