Bayon нема да има конкурент во однос на цената, велат од компанијата

Корејскиот производител Hyundai за неколку дена ќе претстави нов модел од Б-сегментот, кој ќе го носи името Bayon. Изгледот на кросоверот нема да биде изненадување, бидејќи на Интернет веќе протекоа фотографии од автомобилот.

Hyundai тврди дека ова ќе биде најевтиниот нивен кросовер, а нема да има конкурент меѓу моделите на другите производители кои се нудат во Европа. Објавените фотографии не се многу квалитетни, но може да добиете претстава за изгледот на Bayon.

Ова ќе биде последниот Hyundai кој ќе биде во склад со Sensuous Sportiness стилот. Моделот добива трапезоидна решетка и предна оптика на две нивоа со тесни дневни светла – слични на оние на Кона. Видливе се и задните светла растегнати до покривот, како и рељефните детали на вратите. Тркалата се позајмени од i20.

Салонскиот дел е решен во стилот на третата генерација на i20. Прикажаниот прототип покажува дигитална табла со инструменти и рачен менувач.

Гамата на мотори не е позната, но тие веројатно ќе бидат позајмени од i20, што значи 1.2-литарски атмосферски бензински мотор со 84 КС и 1.0-литарски турбо-мотор со 100 КС.