Hyundai i30 N vs Volkswagen Golf GTI / ВИДЕО
Три трки за забрзување. Резултатот идентичен…
За новиот Hyundai i30 N во последно време се зборува многу. Во Германија се „продава како алва“. Новитетот во сегментот на таканаречени Hot Hatchмодели е тука, а најчесто поставувано прашање е дали може да се носи со популарниот Volkswagen Golf GTI. Токму на ова прашање одговор се обидел да даде австралискиот CarAdvice, па за целта двата модели биле донесени на патеката Heathcote Park Raceway.
Организирани се три различни трки за забрзување. Првата со контрола на стартот, втора со деактивиран систем за контрола на старт и трето со деактивиран електронски систем за контрола на стабилноста.
Како што може да се види во видео клипот, новитетот од Hyundai „го гази“ Golf во сите три трки. Она што треба да се спомене е дека моделот на VW располага со 230 КС (GTI Original), а не Performance со 245 коњи. Најверојатно рачниот менувач е мануелен наместо DSG. Од друга страна, i30 N има помоќен пакет со 275 КС, така што разликата во моќноста не е мала – 40 коњи.
Погледнете го видеото во прилог!