Hyundai и Kia дизајнот го развиваат користејќи виртуелна реалност / ВИДЕО
Hyundai и Kia во седиштето за глобален дизајн на брендовите во корејскиот град Намјанг, претставија нов систем за оценување на дизајнот со виртуелна реалност (VR)
Новиот систем покажува зголемен фокус на подобрување на процесот на развој на возилата со користење на VR технологија. Hyundai и Kia најавија дека новите VR технологии во иднина ќе ги користат и двата производители.
Технологијата користи неколку развојни апликации за развој, овозможувајќи им на тимовите на дизајнери и инженери да спроведуваат процена на квалитетот на возилата и процесите за проверка на развојот.
Преку целосна имплементација на процесот на виртуелен развој во текот на развојот и претпроизводствената фаза, Hyundai и Kia предвидуваат скратување на времето на развој на возилата за 20 % како и намалување на годишните трошоци за развој за 15 %.
Покрај намалувањето на трошоците за развој, овие нови виртуелни технологии се очекува да ја зголемат и профитабилноста како и да стартуваат циклус на постојан пораст на инвестициите во истражување и развој во двете марки.
Очилата за VR на дизајнерите на возилата и инженерите на брендовите практично им овозможуваат виртуелно да влезат во развојни симулации. 36 сензори за детекција на движење ги детектираат и следат локациите на сите корисници, овозможувајќи така на секој од нив прецизно да учествува во реално време.
Новиот VR систем за проценка на дизајнот во моментов може да поддржи до 20 истовремени корисници, овозможувајќи подобра меѓусебна соработка од кога било досега.
Како резултат на тоа, новата напредна програма им овозможува на дизајнерите од секоја марка поефикасно да разгледаат многу дизајнерски концепти веќе во рана фаза на развој и на начини што претходно биле физички невозможни.
Системот симулира елементи од внатрешниот и надворешниот дизајн, осветлување, бои и материјали, па дури и виртуелно опкружување.
Системот, исто така, на развојните тимови на Hyundai и Kia им овозможува симулација на работата одделни делови од возилото, како што се вратите, задната врата, хаубата и бришачите. Системот на тимовите им овозможува и поефикасно да ја тестираат ергономијата и аеродинамиката на возилото.
Hyundai и Kia планираат и интеграција на VR технологијата во производните и монтажните линии, за да работната средина биде ергономски подобра, поефикасна и побезбедна.