Јужнокорејскиот производител Hyundai ја промовираше новата верзија на својот i30 хеџбек со N Line пакет на опрема

Пакетот N Line донесува поспортска линија на i30 со внатрешен и надворешен изглед позајмен од перформантниот i30N. Сето ова моделот i30 го прави поагресивен и подинамичен во возењето, тврдат од Hyundai.

Што се однесува до техничките подобрувања, тука се поголемите сопирачки, 18-инчни тркала, а кога станува збор за погонскиот агрегат клиентите ќе може да избираат помеѓу турбо-бензинец и турбо-дизел.

Бензинскиот агрегат е 1.4 со 138 КС и 242 Nm вртежен момент, додека дизелскиот е 1.6 со 134 КС и 280 Nm. И двата се спарени со автоматика со двојна спојка.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1bYRZaMow9xKVzKeUOLiUp8S65psVCCuT” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” maximages=”0″ previewinline=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]