Јужнокорејскиот бренд целосно ја претстави својата новина од А сегментот

Кога станува збор за оваа класа, вести има се помалку, а да не се поврзани со некој вид електричен микро-автомобил. Casper е обид на Hyundai да се вклучи со нов концепт на многу интересен пазар.

Примарната цел на брендот е успех во Азија – поточно на домашниот и индискиот пазар. Очигледно, одличен комерцијален резултат во Јужна Кореја веќе е загарантиран. Само две недели откако беа објавени првите информации за Casper – Hyundai тврди дека примил дури 136.000 нарачки за овој модел.

Надворешноста веќе е позната, а сега се знае се и за салонскиот дел. Casper ќе биде достапен само со четири седишта – што е паметна одлука бидејќи дефинитивно нема место за тројца возрасни во задниот дел.

Предните седишта се многу блиску едно до друго и меѓу нив се поставени држачи за чаши. Централната конзола е малку скратена, со цел лесно преместување од возачката до патничката совозачка позиција.

Се на се, внатрешноста е многу модерна, исто како што објавија Корејците пред две недели. Особено се издвојува една карактеристика – модуларност. Во повисоките пакети на опрема, задните седишта може да се поместуваат напред и назад, бидејќи имаат 16 см од на шина, а сите седишта може да се преклопат. Ова резултира со поголем волумен на багажникот, за кое од Hyundai истакнуваат дека со максимално поместување на задните седишта напред, изнесува 300 l (без да ги преклопите).

Базните изданија немаат право на голем екран на централната конзола, но имаат сериозна листа на безбедносна опрема: седум воздушни перничиња, AEB, систем за одржување во лента … Дел од опциите е адаптибилен темпомат, како и кожни седишта со вентилација, автоматски клима уред …

Интересна разлика помеѓу различни верзии има и околу сопирачките. Во најсосновната верзија задните сопирачки се барабани, додека во подобро опремените модели, се инсталираат дискови.

Списокот на погонски единици останува иста за корејскиот пазар, со тоа што има потврда за менувачот. Двете понудени единици (1-литарски бензинци од 76 и 100 КС) ќе бидат споени со 4-степен автоматски менувач.

Hyundai потврди дека со испораки на домашниот пазар ќе започне кон крајот на месецот, а основната верзија ќе чини 11.800 долари, додека најскапата варијанта 17.600 долари. После тоа, малиот кросовер ќе го најде својот пат и до Индија.

Интересно, се појавија нови гласини дека Hyundai сепак ќе го понуди Casper и во Европа. Останува да видиме колку има вистина во тоа, но многу е можно овој мал автомобил да пристигне наскоро во Русија, каде јужнокорејската марка бележи одлични продажни резултати.