Toyota RAV4 Adventure ја следи филозофијата „оди каде било“ за живеење на отворено

Со лансирањето на новата Adventure варијанта, Toyota го проширува изборот и препознатливата привлечност на својот најпознат теренец, RAV4. Со проширувањето на постоечката гама се зајакнува филозофијата „оди каде било“, со уникатен моќен изглед неопходен за живот на отворено.

Со новата верзија, овој модел ќе биде уште поблиску до оние луѓе кои сакаат возило со кое ќе можат да ја споделат љубовта кон животот надвор од стандардните патишта. 

RAV4 Adventure јасно го покажува својот карактер со дизајнот на предниот дел. Новиот изглед, со целосно црна предна маска, остава посилен визуелен впечаток. Во исто време, значката Toyota е поместена надолу – од предниот раб на хаубата е спуштена до централниот дел, на двојните хоризонтални лајсни кои поминуваат низ средината на решетката. Моќниот став и способноста на овој теренец е нагласена со инсталирање на предни светла за магла во новите црни оквири, но и со инсталирањето на сјаен сребрен заштитен панел на подвозјето.

Ефектот е подобрен со пошироките лакови на тркалата и нови 19-инчни мат сиви алуминиумски фелни. На дното од задниот дел исто така има заштитен сребрен панел. Во исто време, RAV4 Adventure ќе се нуди со уникатен двобоен дизајн. Тоа е изглед што му оддава почит на препознатливиот светол покрив на класичниот модел на Toyota – FJ40 Land Cruiser.

За внатрешноста на салонот, предвиден е карактеристичниот дизајн на тапацирот за седишта. Вклучува мазна, црна вештачка кожа со длабоко зашиени наслони и дополни, како и нагласено портокалово шиење. RAV4 Adventure добил и заштитни алуминиумски плочи на праговите.

RAV4 Adventure се напојува со хибридна електрична технологија од четвртата генерација на Toyota и е стандардно опремен со интелигентен погон на сите тркала. Работи благодарение на дополнителниот, компактен електричен мотор сместен на задната оска. Економичниот и моќен хибриден погон, кој комбинира електрични мотори и 2.5-литарски 4-цилиндерски бензински мотор-со топлинска ефикасност која е меѓу најдобрите во светот за сериски мотор-испорачува вкупно 222 коњски сили. Системот AWD-i, исто така, овозможува влечење (сопирање) товари до 1.650 кг.

Во кабината, вниманието е насочено кон дополнителна удобност и практични решенија постигнати со ново LED осветлување, електрично прилагодување на совозачкото седиште, осветлени прекинувачи за контрола на прозорците и нови, USB-C порти погодни за полнење телефони и други уреди при возење.

Најновите промени го стимулираат пазарниот импулс на најпродаваниот теренец во светот. Во 1994 година, првиот RAV4 создаде сосема нов пазар за рекреативни теренци познати по нивната агилност како автомобили, што оттогаш овозможи продажба на повеќе од два милиони примероци. Неговиот иновативен дух се одржува до ден -денес кога, како прв модел во својот сегмент, нуди хибриден електричен погон; денес, RAV4 Hybrid е исто така најпродаваниот електрифициран SUV.

Испораката на новата Toyota RAV4 Adventure, како и освежената палета на модели RAV4, во Европа започнува во првиот квартал од 2022 година.