Hyundai очекува многу од соработката со хрватскиот Rimac

Според написот на Automotive News Europe, електричниот спортски автомобил развиен со Rimac ќе биде еден вид хало модел за нивниот нов перформантен бренд N, кој моментално егзистира како спортска изведба на поединечни модели на компанијата од Јужна Кореја.

Шефот на дизајнот на Hyundai за Европа, Томас Беркле, гледа многу оптимистички на договорот со Rimac и вели дека тој автомобилот ќе биде пресуден, вистински game-changer кој ќе го промени начинот на кој се создаваат автомобилите.

„Новиот спортски автомобил ќе биде репер кој ќе има влијание врз размислувањето во тимот на инженери, во тимот на дизајнери и во тимот за продажба“, вели Beurkle за Automotive News Europe. „Може да се каже дека маркетиншката алатка е надвор, но пресвртната точка е внатре“, дополнува тој.

Потсетување дека Hyundai претходно овој месец објави дека ќе инвестира 80 милиони евра во компанијата Rimac Automobili. Од таа инвестиција се очекуваат две работи. Едната е споменатиот спортски автомобил, а втората автомобил на горивни ќелии за потребите на брендот Kia.

До 2025 година, Hyundai планира да лансира 44 електрифицирани модели, целејќи кон 1,67 милиони годишни продажби. Целта на Kia е 19 такви модели, но до 2022 година, вклучувајќи шест електрични plug-in хибриди и хибриди, и еден со горивни ќелии.