Овој пат ќе се продава под значката на брендот GMC

GMC (General Motors Company), кој во General Motors е специјализиран за камионети и големи SUV возила, ќе добие засилување во гамата – нова верзија на легендарниот Hummer, кој ќе има електричен погон наместо некогаш бучниот V8 мотор.

Hummer EV ќе биде првиот целосно електричен модел на GMC, како и првиот електричен камионет на General Motors.

Електричниот Hummer е најавен со кратко видео кое открива само детали од предната маска, што претставува стилизирано толкување на ладилникот на поранешниот модел. 

Официјалната премиера ќе се случи на 20 мај годинава, а продажбата е закажана за есента 2021 година.

Прелиминарните информации говорат дека Hummer EV ќе има 1.000 „електрични коњи“ и од 0 до 96 km/h ќе забрзува за само 3 секунди.