Не се поминати ниту два месеци од претставувањето на Ford Mustang Mach E, а веќе е резервиран од 32.000 луѓе

Форумот Mach E Club објави дека бројот на резервации започнал дури од бројката 4.000, па се поставува прашање е што е со тие резервации и дали луѓето од компанијата го нарачале за други потреби.

Инаку резервации има од целиот свет, не само од Соединетите Држави, а Ford веќе објави дека се подготвува да произведе 50.000 возила од овој модел, што значи околу 14.000 единици во резерва за првата година иако и тие би можеле да се продадат.

Се разбира, постои разлика помеѓу правење резервација и купување бидејќи сигурно голем број на луѓе ќе се откажат од купувањето во последен момент.

Во Tesla процениле дека има ќе имаат 12-23 проценти откажувања, па сигурно дека тоа ќе се случи и во случајот со Ford. Цената на моделот Ford Mustang Mach E во САД треба да биде 43.895 долари.