Иако Hummer како бренд не постои речиси една деценија, фановите на овој бескомпромисен теренец и понатаму можат да уживаат во него

Компанијата Mil-Spec Automotive продава модифицирана верзија на вистинскиот воен модел Х1, но за жал достапна само за богатите клиенти.

Моделот Hummer H1 на MilSpec под хаубата крие 6.6-литарски V8 турбо-дизел мотор од 500 КС и 1.355 Nm вртежен момент.

Внатрешноста, се разбира, е прилагодена за цивилна употреба, а тука се и комплетно модифицираниот мултимедијален систем, кожните водоотпорни седишта рачно шиени …

Автомобилот рачно се изработува во Канзас, а секој клиент својот примерок може да го прилагоди на своите желби.

Достапни се неколку варијанти на каросеријата, како модел со четири врати и тврд закосен покрив, пик-ап верзија …

А сегa и за цената. Почетната цена на овој Hummer H1 е околу 230.000 долари.