Иако трките на 400 метри се територија на таканаречените Muscle автомобили, Honda Civic и на овој план е меѓу најпопуларните платформи

Се разбира, станува збор за доработени модели кои го „јадат асфалтот“.

Овој пат станува збор за Honda против Honda. Од една страна, сегашниот Type R, а од друга стариот Civic подготвен за потребите на таканаречени Drag трки. Се разбира, повеќекратниот рекордер во класата на бројни патеки, FK8 Type R располага со 310 КС.

За потсетување, времето во Нирбургринг кое овој автомобил го има поставено е 7 минути, 43,80 секунди, што е најдобро во класа на сериски автомобили со погон на предните тркала, што го прави значително побрзо и од BMW-a M2 Performance (7 минути, 50 секунди).

Сепак, трка на правец е сосема поинаква. Нема информации за модификациите на постариот модел, но очигледно е дека хардверот е „соодветен“.

Погледнете го видеото.