Honda отворена за партнерство: целта е електрични возила достапни за сите
Honda објави дека е заинтересирана за формирање нов сојуз со цел да се создадат ценовно достапни електрични возила. Ова ново партнерство може да биде меч со две острици, бидејќи без оглед на намалувањето на цената, профитот мора да биде задоволителен
Веста за новите планови на Honda доаѓа од новиот шеф, Тошихиро Мибе, кој го презеде кормилото на компанијата во април, најавувајќи интерес на Honda за можно партнерство. Секако, јапонскиот бренд веќе е во соработка со General Motors, во рамките на кој развива два модели базирани на платформата Ultium на американската корпорација.
Иако за Honda одлуката за спојување со GM се чини исправна, ова партнерство е насочено кон два нови големи електрични автомобили, резервирани за пазарот во Северна Америка, кои треба да излезат на сцената како модели за 2024 година. Едниот ќе биде со значката на Acura, а другиот со значката на Honda.
Претходната соработка помеѓу General Motors вклучуваше возила со водородни ќелии, plug-in хибриди и технологија за автономно возење. Од таа гледна точка, американската компанија се наметна како најдобар партнер за Honda, но GM исто така драстично го намали своето присуство во Европа, и сè уште не е јасно како идните модели што произлегуваат од соработката на двете компании ќе направат разлика во услови на електрификација и маркетинг.
Препознатливиот стил ќе биде почетна точка, но поделбата на погонските компоненти и повеќето спецификации ќе ја отежнат дистинкцијата во однос на „роднините“ од GM.
Во меѓувреме, плановите на Honda за иден сојуз вклучуваат партнер кој ќе и овозможи на јапонската компанија да ја води приказната со „целосно нова платформа за EV“, наречена e:Architecture. Треба да пристигне во средината на деценијата, што значи дека јапонскиот производител веќе инвестирал значителна сума во развојот на оваа платформа, па затоа би било бесмислено да се отфрли во корист на решение позајмено од партнер.