Сами проценете кој е виновен

 

Возењето наназад секогаш бара претпазливост. Возачот мора постојано да го следи сообраќајот и да ги проверува ретровизорите. Многу лесно може да се случи некои работи да останат незабележани, што се докажува и со видео клипот снимен во Бразил, поточно во Сао Паоло. Станува збор за два автомобила кои се движат во „рикверц“, судирајќи се на сред улица.

Во описот на клипот се вели дека штетата била незначителна, но судирот бил очигледен. 

Да се ​​утврди кој е виновен за овој судир не е лесно. Очигледно е дека ниту еден од возачите не го видел другиот, или поради верувањето дека патот е чист, или поради „мртвите агли“. Столбот „С“ честопати може да го покрие целосно возилото или, на пример дрво.