По северноамериканската верзија, Honda го „освежи“ и eвропскиот Civic

Тековната генерација на Honda Civic на европскиот пазар е околу три години, па следствено време беше и за прва рестилизација.. Надворешноста на автомобилот е освежена со рестилизирана решетка на ладилникот и редизајниран преден браник со малку поинакви куќишта за магленките.

LED предните светла сега се стандардни, а рестилизирани се и дневните LED-светла. Honda Civic 2020 добила нови 16-инчни алуминиумски фелни за основниот модел, како и на нови 17-инчни алуминиумски фелни „Shark Grey“ од лесна легура за поскапите верзии на овој автомобил. Меѓу новините е и уште една боја во палетата, која Honda ја нарекува Obsidian Blue.

Јапонскиот производител ја променил текстурата на материјалите во салонот за да го направи Civic да изгледа полуксузно. Верзиите со побогати пакети на опрема имаат 8-насочно електрично прилагодување на возачкото седиште.

Моторизацијата останала непроменета, односно во Европа во понудата остануваат два бензинци и еден дизел.

Основниот модел под хаубата има 1.0-литарски VTEC Turbo со 126 КС и 200 Nm, додека помоќниот 1.5 VTEC Turbo произведува 182 КС и развива 240 Nm максимален вртежен момент.

Дизел понудата е 1.6-литарски i-DTEC со 120 КС и 300 Nm.

Бензинците може да се нарачаат со 6-степен мануелен менувач или со автоматски CVT менувач, додека дизелот може да се спари со 6-степен мануелен или 9-степен автоматски менувач.

Сите верзии на Honda Civic за 2020 година се опремени со Honda Sensing безбедносна технологија, која вклучува бројни асистент системи: Collision Mitigation Braking System, Adaptive Cruise Control, Lane Departure Warning, Lane Keeping Assist System i Traffic Sign Recognition.

Рестализираниот Civic во европските продажни салони пристигнува во декември, а првите испораки до клиенти се закажани за јануари 2020 година.

Loading...