Бизарни и смешни ситуации од Русија не се ништо ново. Огромна земја, доволно „луди луѓе“, нормално и голема веројатност за вакви интересни случки

Овој пат станува збор за еден вид маркетинг, односно „акција“ поврзана со попуст за точење на гориво. Ако ништо друго, тимот кој го смислил ова во најмала рака привлекол внимание.

Имено, било решено секој што ќе дојде на пумпата во бикини да добие бесплатно гориво. Она што е многу веројатно е дека повеќето клиенти се очекувало да бидат жени. Сепак, ова е Русија…

Иако оваа специјална понуда траела само три часа, голем број на „егзотично“ облечени мажи се појавиле на пумпата со своите миленици на четири тркала. Ова не треба да изненадува, бидејќи маркетинг кампањата не прецизирала кој пол треба да биде облечен во бикини.

Нормално, на „традиционалистите“ ова не им се допаднало, но многумина се забавувале. 

Како и да е, идејата не е нова, затоа што ја практикуваа и Украинците. Како? Погледнете во следното видео.

https://youtu.be/tPkXiWFLGbM