Германскиот тим инсистира на 3-годишен договор

Луис Хамилтон се очекува да потпише нов договор со Mercedes по завршувањето на тековниот шампионат во Formula 1. Британецот има договор со германскиот тим до крајот на годината, но се очекува да остане барем уште следната сезона.

„Размислувам за ова прашање уште од минатата година, а за тоа зборуваше и Тото Волф. Можеби доколку не беше време на пандемија, ова веќе ќе се случеше. Дефинитивно сакам да продолжам. Можеби сè ќе стане јасно кога ќе ја завршиме работата во тековната кампања “, вели Хамилтон.

Единствено недоразбирање кое се јавува за време на преговорите помеѓу шесткратниот шампион, а кој веројатно сезоната ќе ја заврши и со седма титула, и неговиот тим е времетраењето на договорот, за кој Mercedes инсистира дека треба да биде најмалку три години, додека Хамилтон не сака да се посвети на толку долгорочен план поради новите технички правила од 2022 година.